705
Една од најубавите жени на светот уште еднаш воодушеви со својата елеганција. Италијанската актерка Моника Белучи неодамна позираше за насловната страница на едно списание, а за нејзините фотографии се зборува со денови.
Нејзината безвременска убавина не се намалува ниту во шестата деценија, но многумина забележаа една промена.
Имено, корисниците на социјалните мрежи, како и бројните медиуми пишуваат дека на овие слики актерката е послаба од било кога.
Како и обично, таа се одлучи за елегантни комбинации.