218
На 25.08.2023 во 00.00 часот на граничен премин „Богородица“, полициски службеници го лишиле од слобода Ф.Б.(27) од Република Турција поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ казниво по член 378 од Кривичниот законик.
Имено, при пасошка контрола пријавениот приложил фалсификувана турска возачка дозвола на негово име.
За настанот бил известен јавен обвинител, а лицето било предадено на полициски службеници во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.