Лукашенко: Јадрото на „Вагнер“ останува во Белорусија, Путин нема врска со авионската несреќа

од Radmila Tasevska
582 прегледи

Главното јадро на руската паравоена формација „Вагнер“ останува на територијата на Белорусија, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

„Вагнер живееше, Вагнер живее, и Вагнер ќе живее во Белорусија, без оглед кој што сака или не сака. Заедно со основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, создадовме систем за тоа како ќе функционира Вагнер овде“, рече Лукашенко.

Тој посочи дека наводите за демонтирање на логорите на „Вагнер“ во близина на градот Осиповичи во регионот Моилиовка не даваат вистинска слика за позицијата на групата во Белорусија.

„Јадрото на групата останува овде, некои заминаа на одмор, а некои одлучија да се населат во предградијата. За неколку дена повторно сите ќе бидат тука, сите 10.000 луѓе“, рече Лукашенко.

Тој истакна дека Пригожин не побарал од него безбедносни гаранции по бунтот на групата во јуни оваа година и додаде дека со него разговарал двапати, првиот пат веднаш по бунтот.

„Му реков: Жења, разбираш ли, сам ќе се бориш и ќе умреш? Во тој случај ќе ти испратам јаже и сапун“, а тој рече дека не го сака тоа и дека ќе умре како херој“, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател рече дека неговиот руски колега Владимир Путин „нема апсолутно никаква врска“ со падот на авионот во кој се наоѓал Пригожин.

„Не можам да кажам кој го направи тоа. Путин е претпазлива, многу мирна, па дури и бавна личност, одлучува за други, помалку сложени прашања, затоа не можам да замислам дека го направил тоа“, рече Лукашенко.

Слични содржини