ЈП „Патишта на Србија“: Од 30 август сме дел од проектот Open Balkan ETC

од Vladimir Zorba
517 прегледи

Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека поради големиот интерес на дистрибутерите и нивните постпејд корисници, од 30 август годинава ќе биде дел од проектот „Open Balkan ETC“, кој ќе им овозможи на корисниците кои плаќаат патарина во постпејд системот да плаќаат патарини во Северна Македонија.

Како што се наведува во соопштението на ЈП „Патишта на Србија“, наплатата на патарините во рамките на тој проект, за корисниците кои плаќаат патарина во постпејд системот преку дистрибутерот, ќе функционира со тоа што за минување низ Србија ќе важат истите услови како досега. (во согласност со потпишаниот Договор за вршење на дистрибутивни дејности во постпејд систем).

За наплата на патарините низ Северна Македонија, на постпејд корисниците ќе им биде овозможен „роаминг“ преку регистрацијата на секој заинтересиран корисник на веб-порталот – Open Balkan ETC и поврзување на нивните платежни картички (картички на компанијата) на порталот.