Елтон Џон бил хоспитализиран во неделата вечерта откако паднал во својата вила во Ница.
Музичката легенда (76) била префрлена на ортопедскиот оддел на болничкиот центар „Принцес Грејс“ во Монако каде бил прегледан.
Портпаролот на Елтон потврди за MailOnline дека тој бил отпуштен во понеделник наутро и сега е вратен дома „со добро здравје“.
Во соопштението стои: „Можеме да потврдиме дека по падот во неговиот дом на југот на Франција вчера, Елтон ја посети локалната болница како мерка на претпазливост. По прегледот, тој беше отпуштен утрово и сега е вратен дома и е во добра здравствена состојба“.
Елтон го помина летото во Франција со својот сопруг Дејвид Фурниш и нивните два сина, откако ја заврши турнејата „Farewell Fellows Brick Road“ во јули.
Последен пат беше виден како ужива во релаксирачки ден на својата суперјахта со многу пријатели во Сент Тропе на 22 август.