Приведени уште двајца полициски службеници кои пукале со огнено оружје на семејната веселба

од Stefanija Kuzmanovska
263 прегледи

На 28.08.2023 од страна од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички истраги при ОВР Прилеп проширена е истрагата во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“ на семејна веселба во с.Дебреште, соопшти МВР.

Идентификувани се повеќе лица кои пукале со оружје на веселбата и за сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Двајца од нив се полициски службеници: Н.И.(28) и Е.И.( 28) од ОВР Прилеп, а двајца се професионални војници Б.Х.(26) и И.Р.(23), додека останатите се жители од с.Дебреште и с.Саждево, крушевско.

Извршени се седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за извршување на кривичното дело.

Во врска со овој настан вчера (27.08.2023) беше приведен и командирот на ПО Ропотово Е.Р. и на истиот од страна на судија на претходна постапка одреден му е куќен притвор во траење од осум дена. Исто како и за Е.Р., и за полициските службеници Н.И.(28) и Е.И.( 28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и поднесен соодветен поднесок до ОЈО.

Слични содржини