Согласноста на Западот за нападите на Киев врз Крим претставува casus belli (латински „повод за војна“) и ѝ дава можност на Москва да дејствува против сите и секого во НАТО, смета заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Украинските криминалци објавија дека се овластени да нападнат сè што е руско, на пример, Крим. Ако ова е вистина (а сега нема причина да се сомневаме), тогаш тоа е директен правно значаен доказ за соучесништвото на Западот во војната против Русија на страната на државата на Степан Бандера“, напиша Медведев на својот Телеграм канал.
Тој смета дека ова е „префинет casus belli“, а за Русија значи „можност да дејствува во рамките на jus ad bellum (лат. „право на војна“) против сите и секого во земјите на НАТО“.
„Тажно е. Предвидувањата за Апокалипсата се сè поблиску“, изјави тој.
Степан Бандера беше украински политичар и водач на терористичката организација на украинските националисти. Тој е одговорен за бројни брутални злосторства извршени врз Полјаците и Русите. Тој се залагал за независност на Украина од СССР, соработувал и со Британците и со нацистите, пренесува „Спутник“.