Лишен од слобода 19-годишник, му биле пронајдени ловечка пушка и разновидна муниција

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Деветнаесетгодишен неготинец бил лишен од слобода, му биле пронајдени ловечка пушка и разновидна муниција, информираше денеска Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Синоќа во 17.40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода Д.Т., на возраст од 19 години, затоа што кај него биле пронајдени и одземени ловечка пушка и повеќе парчиња разновидна муниција. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, појасни Самарџиев.

Рано утрово во 01.56 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А1, правец Градско-Велес, настанал пожар во патничко возило „форд фокус“ со романски национални ознаки, во движење, управувано од А.С.А., на возраст од 52 години, од Романија. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Велес.

Вчера пак во 14 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека од Здружението на граѓани на улица „Браќа Хаџи Тефови“ биле одземени седум лап-топ компјутери и делови за компјутер. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини