Едно лице повредено во невремето во Хрватска

од Radmila Tasevska
423 прегледи

Во Карловачката жупанија од удар на гром е повредена жена, на која и била укажана лекарска помош во Општата болница во Карловац и е вон животна опасност.

Невремето што го зафати подрачјето на Сисачко-мославинската и Карловачката област, како и градот Загреб предизвика материјална штета.

Во Сисачко-мославинската жупанија ветрот оштети околу 20 покриви на семејни куќи, како и столбови на електричната мрежа.

Слични содржини