Во близина на Жировница убиени три мечки

од Vladimir Zorba
738 прегледи

Врз основа на мејл и телефонска информација на ден 30.8 добиени од страна на ЈУ НП Маврово извршен е вонреден инспекциски надзор од страна на Виш Инспектор за природа од Одделението за инспекциски надзор во природата-Запад, соопштија до ДИЖС.

Имено, во утринските часови на ден 30.8-среда во близина на селото Жировница (пред влезот во селото) забележано е од страна на ренџерската/чуварската служба дека се отстрелани три Мечки (Женка со две мали мечиња).

При вонредниот инспекциски надзор е изготвен Записник за констатација од страна на ДИЖС при што ќе се води понатамошна инспекциска постапка, а присутни се и претставници од МЖСПП и МВР/ПОЛИЦИЈА.

Телата на застреланите мечки се пренесени во посебен ладилник на ЈУ НП Маврово, а при надзорот немало присутни лица од АХВ-Агенцијата за Храна и Ветеринарство и ДИШЛ-Државниот Инспекторат за Шумарство и Ловство.

Од страна на Полицијата се води посебна истражна постапка за пронаоѓање и санкционирање на сторителот.

Слични содржини