Пејачката Северина Вучковиќ има многу необично име, а во една прилика открила и како го добила.
Како што објаснила, нејзиниот татко се викал Север и таа го добила името по него.
„Моето име некаде значи строгост и правда. Таква сум навистина. Татко ми сакал да се викам Наташа, но мајка ми го обожаваше татко ми, а неговото име беше Север. Дедо ми им давал имиња на децата според страните на светот. Верувале или не. Имал четири сина – Север, Југ, Исток, Запад, а ќерка му била Даница. Меѓутоа, на баба ми не ѝ се допаѓало тоа“, рекла таа во една прилика, пренесе порталот „Азра“.
„Така татко ми доби уште едно крстено име. Меѓутоа, тој сепак го задржал името Север од непозната причина. Па така и јас сум Северина“, истакнала пејачката.
Таа потоа сподели уште една интересна информација.
„Меѓутоа, спроти куќата на баба ми имало лимар кој се викал Северин. Така што… Но сепак мислам дека тоа е поради татко ми“, заклучила Севе.