Приведен крадец баран со потерница

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Во Скопје денеска во 14.50 часот на ул.„Перо Наков“ полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ј.(24) од Скопје.

Како што информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини