Брнабиќ: Србија испраќа 14 камиони хуманитарна помош во Украина

од Radmila Tasevska
238 прегледи

Српската премиерка, Ана Брнабиќ денеска изјави дека 14 камиони со хуманитарна помош ќе бидат упатени веднаш со помош за жителите кои ги загубија своите домови по пукањето на браната Нова Каховка во Украина.

„Денеска испраќаме стоки и лекови до населението на Украина кое е загрозено и кое ги загуби своите домови по пукањето на браната (Нова Каховка). Има вкупно 14 камиони со хуманитарна помош кои веднаш заминуваат за Украина“, изјави Брнабиќ.

Брнабиќ по средбата со амбасадорот на Украина Володимир Толкач, шефот на делегацијата на ЕУ Емануел Жофре и министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ изјави дека сака што поскоро мир на европскиот континент.

Слични содржини