Средба на замениците министри за одбрана на Северна Македонија и на Бугарија, Јајага и Запријанов

од Radmila Tasevska
267 прегледи

Заменик министерот за одбрана Тирон Јајага денеска остварил средба со својот бугарски колега Атанас Запријанов, кој е во посета на нашата земја во рамки на утрешната свечена церемонија за одбележување на 27-годишнината од формирањето на СЕДМ-иницијативата, 24 години од формирањето на Бригата на Југоисточна Европа – SEEBRIG и преземањето на претседателството со СЕДМ и промената на командантот на SEEBRIG.

За време на денешната средба, соопштија од МО, од страна на двајцата заменици министри било потенцирано дека соработката на армиите и министерствата на двете држави се доказ за посветеноста кон регионалната безбедност, а пример е заедничкото учество во SEEBRIG, eVA, и НАТО мисијата на Косово, KFOR.

Заменик-министерот Јајага упатил благодарност до својот колега Запријанов за неговото претседателствување со Политичко – воениот управувачки комитет и Координативен комитет на SEDM и потенцирал дека оваа регионална иницијатива покажува дека заедничките напори секогаш не прават посилни, посигурни и побезбедни.

– На средбата беше констатирано дека двете соседни земји ќе продолжат да ги користат сите можности за соработка како на билатерално, така и на регионално и мултилатерално ниво, се наведува во соопштението од МО.

Слични содржини