Во ЕУ над 134 случаи на салмонела, веројатно поврзани со пилешко месо од Полска

од Radmila Tasevska
184 прегледи

Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. Најголем дел од случаите се регистрирани помеѓу јануари и август 2023 година.

Интервјуата со пациенти во Австрија и Данска сугерираат дека инфекциите со салмонела веројатно се поврзани со консумирањето пилешко.

Пред две недели, австриските здравствени власти изразија загриженост за можна поврзаност помеѓу болестите на салмонела и пилешкото месо со потекло од Полска. Според ДПА, речиси сите оние кои се разболеле во Австрија, непосредно претходно јаделе пилешко. Понатамошните истраги открија дека сите погодени ресторани користеле пилешко за ражничи увезени од Полска.

Слични содржини