МНР: Целосната документација за реконструкцијата на салата „Борис Трајковски“ доставена до ДКСК и ОЈОГОКК

од Stefanija Kuzmanovska
228 прегледи

Министерството за надворешни работи соопшти дека до Државната комисија за спречување на корупцијата и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје ја достави документацијата од целосната постапка за јавната набавка на работи за внатрешна адаптација и надворешно уредување на салата „Борис Трајковски“, за потребите на конференцијата на ОБСЕ.

Министерството апелира до надлежните институции „да дадат посебно значење и приоритет на овој предмет, имајќи ги предвид импликациите кои се предизвикани со бројните шпекулации кои се појавија во јавноста“.

„Повторуваме: нема нерегуларности во постапката, неопходна за успешно одржување на најголемиот меѓународен политички настан во Скопје, во рамки на Претседавањето на земјата со ОБСЕ. Заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот, условот за избор на најповолен понудувач беше најниска цена по прецизно дефинирани работи и ниво на квалитет на изведба. Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: Еуровиа – 93.746.070 ден. (избран понудувач), Второрангирана – 120.668.981 ден., Треторангирана – 134.015.461 ден., Четврторангирана – 374.353.297 ден.“, се наведува во соопштението од МНР.

Слични содржини