Откако пред два месеца беше хоспитализирана поради бактериска инфекција, поп иконата Мадона беше видена со пријателите.
Познатата пејачка Мадона е видена пред два дена во Њујорк, додека вози велосипед со своите најблиски. Ова се и нејзините први фотографии откако пред два месеца беше хоспитализирана поради лоша здравствена состојба поради бактериска инфекција.
Многу обожаватели тогаш се плашеа за состојбата на познатата пејачка, но судејќи по последните фотографии, нејзината состојба се подобрува.
Според TMZ, Мадона се возела низ Централ парк и главните улици на Менхетен, а имало коментари дека пејачката изгледа многу добро.
Да потсетиме, нејзината ќерка ја пронашла без свест, а по неколку дена во болница, Мадона била пуштена на домашно лекување. Сепак, таа мораше да откаже дел од турнејата.