343
Нобеловата фондација денеска соопшти дека сепак нема да ги покани амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на овогодинешното доделување на Нобеловата награда во Стокхолм.
Нобеловата фондација претходно ги покани амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на доделувањето на Нобеловата награда, но денеска, по бурните реакции предизвикани од ваквиот потег во Шведска, објави дека ја преиспитала својата одлука и нема да ги покани амбасадорите на овие земји.