Германскиот канцелар Олаф Шолц во понеделникот на платформата Х објави фотографија со превез на окото, коментирајќи ги написите за неговата повреда по падот додека трчал за време на викендот.
„Едвај чекам да видам какви ќе бидат мемињата“, наведе германскиот канцелар Олаф Шолц преку платформата Х (поранешен Твитер).
Wer den Schaden hat…
Bin gespannt auf die Memes. Danke für die guten Wünsche, sieht schlimmer aus, als es ist! pic.twitter.com/bB5INX8HnM— Bundeskanzler Olaf Scholz (@Bundeskanzler) September 4, 2023
Во исто време, тој рече дека повредата на окото, со која се здобил откако паднал додека трчал, „не го ограничува посебно“ и се заблагодари за желбите за брзо закрепнување.
Владиниот портпарол Штефен Хебестрајт на редовната прес-сесија во понеделникот изјави дека канцеларот ја објавил фотографијата со превез на окото за да може сите „да се подготват за тоа како ќе изгледа канцеларот во следната недела или две“.
65-годишниот германски канцелар паднал за време на викендот додека трчал во близина на својот дом во Потсдам, во близина на Берлин.