Тестенини со пилешко и моцарела

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Кремасти тестенини со пилешко бело месо.

Состојки:

– 200 гр пилешко бело месо

– 100 гр суви домати

– 150 гр моцарела

– 400 гр тестенини

– 4 парчиња сланина

– 4 чешниња лук

– малку босилек

– сол, бибер

– маслиново масло

– мелен црвен пипер

Подготовка:

Во голем сад за печење препечете ја сланината додека не стане крцкава.

Извадете ја сланината и ставете го пилешкото бело месо исечкано на коцки или по желба, посолете и додадете малку мелен црвен пипер, па печете околу 10 минути.

Кога пилешкото месо е готово, извадете го и во тава ставете ги сувите домати, издробениот лук и малку маслиново масло, па динстајте неколку минути.

Вратете го пилешкото во тавата и додадете ја ренданата моцарела со постојано мешање додека не се стопи сирењето.

Сварете ги тестенините во солена вода. Кога ќе се сварат, исцедете го и оставете околу два децилитри вода од сварените тестенини.

Додадете ги сварените тестенини во тавата и мешајте додека целосно не се соединат.

Додадете го босилекот на крајот.

Полека додадете ја водата од тестенините за да се разреди сосот и да се направи покремаст.

Внимавајте да не ја додадете целата вода одеднаш и проценете колку сакате да биде густ сосот.

На крајот на површината додадете ја пропржената сланина. Оставете ја содржината да се готви уште пет минути.

Украсете со листови босилек по желба.