Се злоупотреби ли протестот за случајот „онкологија“ за политички цели?

од Vladimir Zorba
957 прегледи

Синоќешниот протест во Скопје за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за Онкологија се чини прерасна во партиски протест, откако лидери на партии и нивни активисти го злоупотребија гневот на граѓаните.

Активисти на опозициските партии со политички и партиски пароли се обидоа и од тажните лични животни приказни да извлечат ситни политички поени, споделувајќи фотографии на социјалните мрежи како од предизборен митинг.

Граѓани на социјалните мрежи претходно побараа одговорност и разрешница на случајот, но и да не се дозволи да се сензационализира и злоупотребува целата ситуација без целосно да се затвори истрагата.

И овој трагичен случај наместо да сплоти, повторно, за нечии интереси, ги подели граѓаните.

Слични содржини