Совршена комбинација на чоколадо и путер од кикирики.
Состојки:
– 500 гр чоколадо (за готвење, млечно или црно, по желба)
– 1 шолја путер од кикирики
– 1/2 шолја шеќер во прав
– 8 лажици путер
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа, па тргнете го од шпорет.
Наполнете го дното на хартиените корпи со чоколадо и ставете ги во фрижидер 10 до 15 минути.
Во друг сад загрејте ги путерот од кикирики, ванилиниот шеќер во прав и путерот, па измешајте додека не добиете изедначена смеса.
Извадете ги корпите од фрижидер и наполнете ги до половина со топлата смеса од кикирики. Полека протресете ги за да остане мазна површина одозгора.
Почекајте малку да се излади смесата, па вратете ги корпите во фрижидер 10 минути.
Извадете ги корпите од фрижидер и прелијте ја смесата со кикирики со уште малку чоколадо, колку да ја покрие смесата.
Изладете ги уште малку во фрижидер.