Петмина исчезнати по поплавите што ја погодија западна Турција

од Radmila Tasevska
267 прегледи

Пет лица се водат како исчезнати, меѓу кои и едно дете, по обилните дождови и поплавите во западниот дел на Турција, јавија денеска турските медиуми.

Во поплавите беа однесени и бунгалови во комплекс за одмор во западната провинција Киркларели во близина на границите со Грција и Бугарија.

Обилни дождови вчера ја погодија и Мугла во југозападна Турција, при што молњите предизвикаа пожари на 36 одделни локации.

Во текот на викендот од поплави беше зафатен и регионот на Црното Море.

Агенцијата за управување со катастрофи АФАД предвиде натамошни бури за западниот и југозападниот дел на земјата, предупредувајќи за поројни поплави, удари од гром и силен ветер.

Турција во средината на август беше погодена од топлотен бран. Температурите на исток се уште се над нормалните вредности за период од годината, додека на други места се вратија во нормала, соопшти метеоролошката служба.

Слични содржини