472
Актерката Лена Хиди, најпозната по улогата на Серсеи Ланистер во серијата „Игра на тронови“, доживеала незгода.
Имено, таа на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа дека едната нога ѝ е во гипс, а до неа стојат патерици.
„Шест недели“, напиша таа, нагласувајќи дека нејзиното закрепнување ќе трае толку долго, но не прецизираше што точно ѝ се случило.
Нејзините следбеници ја поддржаа во коментарите и ѝ посакаа брзо закрепнување.
Покрај улогата во „Игра на тронови“, Лена е позната и по улогите во „Браќата Грим“, „300 – Битката кај Термопили“, „Терминатор: Хрониките на Сара Конор“, „300: Подемот на Империја“ и други.