Плановите на ерменските власти да одржат заеднички воени вежби со САД предизвикуваат загриженост, особено во моменталната ситуација, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков изјави за новинарите дека Русија ќе ги анализира овие информации и ќе ја следи ситуацијата, пренесува РИА Новости.
Ерменското министерство за одбрана претходно денеска соопшти дека Ерменија и САД следната недела ќе одржат заеднички воени вежби во Ерменија.