Русија повторно го нападна украинското пристаниште на Дунав

од Radmila Tasevska
222 прегледи

Русија употреби беспилотни летала Шахед по четврти пат во последните пет дена за да го нападне украинскиот пристанишен град Измаил на Дунав, изјави денеска гувернерот на областа Одеса, Олех Кипер.

– Дроновите од иранско производство во пристаништето на Дунав ја погодија и цивилната и пристанишната инфраструктура, рече Кипер.

Како што се наведува, возачот на камионот е ранет, а силосите за жито се оштетени.

Обвинителите за воени злосторства денеска беа на терен во близина на пристанишната инфраструктура, се наведува во соопштението на Украинското обвинителство.

Украинската армија соопшти дека соборила 25 од 33 беспилотни летала лансирани од Русија во текот на ноќта во Одеса и во Сумската област.

Русија ги засили нападите врз пристанишната инфраструктура на Украина од средината на јули, кога го напушти Договорот за жито.

Слични содржини