Силна експлозија ја потресе фабриката Кремниј Ел во Брјанск во западна Русија, јавија локалните медиуми. Гувернерот на областа Брјанск, Александар Богомаз, потврди напад со камиказа беспилотно летало врз индустриска фабрика во Брјанск.
Според него, административната зграда на фабриката се запалила, а жртви немало. На терен се пожарникари и итната помош.
Руското Министерство за одбрана тврди дека руската воздушна одбрана „пресретнала два беспилотни летала над Брјанск, од кои едното било уништено во воздух“.
Кремниј Ел е една од најголемите фабрики за микроелектроника во Русија, а таму се произведуваат делови неопходни за производство на ракети Искандер.
Russian media report that the largest microelectronics factory in Russia is on fire.
Kremniy El in Bryansk is the main producer of microelectronics used in military equipment. pic.twitter.com/kn378lyadR
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 7, 2023