Поранешниот украински министер за одбрана Алексеј Резников предупреди дека преговорите со Москва нема да донесат мир и дека Владимир Путин се уште е решен целосно да ја уништи Украина и да ги „асимилира“ нејзините граѓани во Руската Федерација.
Во напис за Гардијан, Алексеј Резников тврди дека каков било „договор“ со Кремљ нема да стави крај на конфликтот.
„Русија бара признавање на окупираните територии на Украина во замена за завршување на војната“, пишува тој.