151
Обединетите нации и Европската унија денеска соопштија дека се подготвени да му помогнат на Мароко по смртоносниот земјотрес во кој, според досегашниот биланс, загинаа 632 лица.
Сочувство стигнува од целиот свет за трагедијата што рано утринава ја погоди земјата на северот од Африка.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел денеска соопшти дека Европската унија е подготвена да го поддржи Мароко.