Мелони најави повлекување на Италија од кинеската иницијатива Појас и пат

од Radmila Tasevska
302 прегледи

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, на вчерашната средба со кинескиот колега Ли Кечијанг на Самитот на Г20, најави дека Рим планира да се повлече од кинеската иницијатива Појас и пат (БРИ), објави италијанскиот весник денеска „Кориере дела сера“.

Според весникот кинескиот премиер Ли се обидел да ја убеди Мелони да ја преиспита одлуката.

Италија е единствената земја-членка на Г7 кој ја потпиша БРИ, глобален трговски и инфраструктурен план заснован на древниот Пат на свилата, што ја поврзуваше Кинеската империја со Западот.

Италија следната година ќе претседава со групата Г7, а промената во нејзиниот однос со Пекинг треба да ги увери нејзините западни сојузници.

Италијанските политичари ја доведуваат во прашање вредноста на договорот БРИ потпишан од претходната влада во 2019 година, поради загриженоста за проширување на кинеското влијание.

Италија, со цел да ја намали негативната реакција на Пекинг, ќе се обиде да го обнови Договорот за стратешко партнерство со Кина, потпишан во 2004 година, а чија цел е да ја поттикне економската соработка.

Слични содржини