353
Мјанмар ја доби првата испорака на два руски борбени авиони Су-30, објави министерот за индустрија Чарли Тан.
Русија и Мјанмар во септември минатата година потпишаа договор за набавка на шест авиони ловци Су-30СМЕ.
Според најголемата руска компанија за вооружување, Рособоронекспорт, повеќенаменскиот ловец Су-30СМЕ е дизајниран за уништување на непријателски воздушни цели, воздушно извидување, воздушна борба и обука на пилоти.