Одложено уривањето на домот на Мерлин Монро во Лос Анџелес

од Vladimir Zorba
416 прегледи

По едногласното гласање во Градскиот совет на Лос Анџелес, привремено е одложено уривањето на домот на иконата на американската актерка Мерлин Монро во Брентвуд, луксузен дел на Лос Анџелес.

Членот на советот Трејси Парк побрза да ја спаси последната резиденција на Мерлин Монро откако дозна дека сопственикот „Глори оф сноу труст“ побарал дозвола да ја урне иконската шпанска колонијална резиденција, јавува ЛА Тајмс.

„Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција, но за жал, секторот за градење и безбедност издадоа одобрение за уривање пред да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање“, изјави Парк непосредно пред седницата на Градското собрание.

Советничката од 11-от округ носеше црвен кармин и ја обликуваше својата кратка руса коса во стилот на Мерлин Монро додека држеше страстен говор, најавувајќи дека ќе поднесе барање да започне разгледувањето на домот на американската актерка како историски споменик.

„Денес сум овде со вас како чувар на областа која е дом на последната резиденција на Мерлин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град“, рече Парк.

Предлогот презентиран до Градскиот совет бара итна акција за да се иницира разгледување на домот како градски историски и културен споменик.

Понатаму беше наведено дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на имотот, но беше истакнато дека треба да се проценат историските и културните вредности на имотот.

Слични содржини