335
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска повторно повика на правосудниот систем ефикасно и непристрасно да си ја заврши својата работа.
Во екот на измените на Кривичниот законик, Грковска побара да не се калкулира и да не се подлегнува на политички состаноци.
Некогаш имам впечаток дека се однесуваат како поголеми политичари од политичарите. Не треба да ги интересира за кого станува збор, туку праведно, правично ефикасно и ефективно да си ја вршат работата, додаде Грковска во одговор на новинарско прашање.
Околу наводната злоупотреба на европското знаменце во одредени ситуации, вицепремиерката вели дека е лоша пракса и дека се уште стои на истиот став од претходно.