Привремениот биланс на загинати од минатонеделниот земјотрес во регионот југозападно од туристичкиот град Маракеш во Мароко се зголеми на 2.497, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, пренесе АФП.
Претходниот биланс даден синоќа беше 2.122 загинати.
Во соопштението, Министерството објави нов биланс од 2.497 загинати и 2.476 повредени.
Силен земјотрес со јачина од 6,8 степени се случи во петокот вечерта.