375
Познатиот поранешен македонски кошаркар и актуелен претседатем на КФМ, Перо Антиќ денеска се сретнал со српскиот претседател Александар Вучиќ, при што му подарил патики. За подарокот Вучиќ ја информирал јавноста преку видео објавено на мрежата Инстаграм.
Со српската и македонската кошаркарска легенда Перо Антиќ. Перо ми подари патики „Србија 1“. И двајцата сме горди на српските кошаркари и го чекаме златото од Париз, напишал Вучиќ на социјалните мрежи.
Претседателот на Србија допатува во Скопје за да учествува на самитот на процесот Брдо-Бриони, на кој домаќин е претседателот Стево Пендаровски.
View this post on Instagram