373
Пожарот во атарот на кумановското село Бељаковце е целосно изгаснат, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
-Дежурни екипи на ТППЕ Куманово и Ранковце ќе останат на две позиции од кои ќе внимаваат да не дојде до повторна појава на оган, изјави Ангелов.
Пожарот го гаснеа трите ЕР трактори на Дирекцијата за заштита и спасување вклучени беа и армискиот и полицискиот хеликоптер како и пожарникарите од неколку противпожарни единици, Куманово, Старо Нагоричане и Ранковце.
Пожарот избувна вчера после 16 часот.