Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на неговата посета министерот Османи ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Покрај средбата со генералниот секретар на НАТО, министерот Османи ќе се сретне со високи претставници на ЕУ, како главниот политички советник за надворешна политика во Кабинетот на претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, Симон Мордју и со советничката за надворешна политика задолжена за Западниот Балкан и миграции, Маја Коцијанчич. Во рамки на посетата министерот ќе одржи и брифинг во Центар за европски политики на тема: Северна Македонија и ЕУ: Движејќи се кон повеќе интеграција.
Работната посета на Брисел, Османи ќе ја заврши со присуство на прием по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија во организација на нашите мисии во ЕУ и НАТО и Амбасадата на земјава во Белгија.