190
Три канцеларии на граѓански здруженија сместени во приземјето на синдикалната зграда во центарот на Велес, се ограбени од непознати сторители, информираат од велешката полиција.
Крадците одземале повеќе предмети од канцелариите. Просториите се во сопственост на Општина Велес.
Портпаролката на СВР Велес, Билјана Ѓаковска посочи дека екипи на СВР Велес направиле увид на самото место и се преземаат мерки за откривање на сторителите.