Обезбедувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун помина неколку минути во дезинфекција на столчето на кое седеше Ким за време на самитот со рускиот претседател Владимир Путин во Русија, пишува денеска „Комерсант“.
Во видеото објавено од медиумот, севернокорејски безбедносен службеник, облечен во бели ракавици, темелно го брише црниот стол наменет за Ким и го прска со неидентификувана супстанца, додека телохранителот кој работи за Кремљ збунето гледа кон него, пренесува Ројтерс.
Друг севернокорејски чувар му дал некаква наредба на обезбедувачот кој го дезинфицирал столот, но не се знае каква наредба.