Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец, информираат од УХМР.
Се забележува дека од пладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд со грмежи. УВ индексот ќе биде 6.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени.