Богата програма на првиот Пет Фест Скопје – Ветеринарни совети, бесплатен груминг, детско катче со Бибиверзум, маскоти и проекција на филмот „Стела“

од Vladimir Zorba
328 прегледи

Овој викенд за првпат ќе се одржи фестивалот „Пет Фест Скопје“ со намера овој настан да стане традиционално најголем настан за миленици во регионот.  На 17.09 ( недела) со почеток во 11:00, на летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градски Парк не очекува 12часовна програма со забавни и едукативни содржини за деца, возрасни и крзнените пријатели.

Свое воведно обраќање на настанот ќе има доктор Димче Велковски од Ветеринарен Центар,, МВР единица за службени кучиња К9- показни вежби , а потоа следуваат модерни танци за деца, танцување со маскоти кучиња Груминг академија Скопје, претставување на егзотични инсекти и птици грабливки, Македонско еколошко друштво со документарен филм за дивиот свет, спасувачки приказни од Скопје ЗОО,  едукација за стерилизација и кастрација на мачки, сведоштва од семејства за вдомени миленици, детско катче со Бибиверзум и многу други забавно-едукативни содржини кои завршуваат со кино проекција на македонскиот филм „Стела“ и Дј Соња Исмаил.

На фестивалот ќе има и подароци за крзнените другарчиња од нашите поддржувачи, како и бесплатен груминг, совети и едукација за сите сопственици и потенцијални сопственици на миленик. Влезот е бесплатен за сите посетители, а целта на „Скопје Пет Фест“ е да се подигне јавната свест за чување на миленик, љубовта кон животните и одговорното сопствеништво.

Повеќе информации на petfest.mk

Слични содржини