Путин: Украина да изрази волја за преговори, Русија е подготвена

од Vladimir Zorba
278 прегледи

Русија никогаш не одбила да преговара за Украина, а ако другата страна го сака тоа, тогаш треба да го каже тоа, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Веќе реков: никогаш не сме одбиле да преговараме. Значи, ако другата страна сака, нека каже директно“, рече рускиот лидер, додавајќи дека, сепак, другата страна не се огласува, пренесе ТАСС.

Путин нагласи дека „Русија никогаш не била закана за никого“.