250
Претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, денеска изјави дека Косово не може да ги прифати сите договори со Србија, особено не оние што водат кон „боснизација на Косово“, мислејќи на договорот за Заедницата на српските општини (ЗСО).
„Никогаш нема да се умориме да расправаме со меѓународната заедница дека ова е позиција од која Косово не може да се откаже. Ако се откаже, би можеле да доведеме до босанизација на Косово“, рече тој.
Коњуфца рече дека премиерот Албин Курти има свој тим што ќе анализира дали договорите се прифатливи или не.
Коњуфца ја критикуваше ЕУ дека има неурамнотежен пристап во однос на Косово и Србија, со оценка дека барањата на Србија „станале план на Европската унија“.