278
Во граничниот појас меѓу Косово и Албанија, на околу пет километри во планинската област од Кошара, пронајдени и уништени се околу 20.000 стебла канабис, објави КоССев.
По истрагата во саботата во раните утрински часови, полицијата започнала акција и во текот на денот биле уништени сите растенија, пишува косовскиот портал, повикувајќи се на „Клан Косово“.
Полицијата се сомнева дека канабисот го засадиле државјани на Албанија, а косовската полиција соработува со албанските власти за откривање на одговорните лица.