Протест против изградба на мини-хидроцентрали на планината Кожуф

од Nikola Popovski
444 прегледи

Еко-активисти од Гевгелија, Кавадарци и Неготино се собраа на „Смрдлива вода“ на Кожуф и со протест го изразија своето незадоволство и револт од најавената изградба на мини хидроцентрали на реката Дошница. Според нив со евентуална изградба на мини хидроцентралите ќе се наруши биодиверзитетот на планината Кожуф која е основа за развој на туризмот.

Со транспаренти „Сакаат да ја убијат Кожуф Планина“, „Мини хидроелектрани нема да има“, „Запрете сѐ за, за пусти пари се запустивте“, „Кожуф е наш“, „На Дошница никој нема да гради хидроелектрани“ граѓаните потенцираа дека на локалитетите „Баров Дол“ и „Папради“ со поставувањето на цевки во должина од 100 мети за малите хидроцентрали ќе се уништи и растителниот и животинскиот свет.

Во нивната Декларација за спас на планината Кожуф, организаторите на протестот бараат Владата да започне постапка за прогласување на планината Кожуф за национален парк.

Премиерот Димитар Ковачевски неодамна во Гевгелија кажа дека дозволите за изградба на хидроцентрали биле издадени пред речиси седум години и дека раскинувањето ќе значи плаќање пенали и обесштетување на инвеститорот. Сепак кажа дека како демократска Влада, ќе ги сослуша граѓаните и согласно со тоа ќе се носат одлуките за изградба на мини хидроцентрали на река Дошница на планината Кожуф.

Слични содржини