Телото на тројниот убиец од Градачац, БиХ, Нермин Сулејмановиќ се уште е во Комеморативниот центар во Тузла, а до денеска никој не поднел барање за негово преземање. Ова денеска го изјави директорот на Комеморативниот центар во Тузла, Фарук Латифагиќ.
Телото на Сулејмановиќ, кој на 11 август ја уби својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, притоа пренесувајќи во живо на Инстаграм, се уште е во замрзнувач повеќе од еден месец.
За потсетување, убиецот усмрти и двајца турски државјани, а притоа рани и три лица.
Неодамна поради настаните во Градачац беше разрешен началникот на тамошната полициска управа.
До отказот дојде, како што е познато, поради одредени проверки што се вршеле во врска со Сулејмановиќ. Претходно беше суспендирана и полицајката Џ.С. која се познавала со убиецот и против неа е поведена дисциплинска постапка.