Актерот Биковиќ се огласи за приновата во семејството

од Nikola Popovski
501 прегледи

Српскиот актер Милош Биковиќ се огласи по веста дека станува татко и дека неговата девојка, адвокатката Ивана Малиќ е бремена.

Тој се огласи на социјалната мрежа Инстаграм, споделувајќи по тој повод заедничка фотографија на која позираат насмеани и среќни и откри дека се пресреќни што ќе станат родители.

Милош исто така истакнал дека ова е веројатно најважниот момент во нивниот живот и побара приватност од медиумите.

„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважниот момент во нашите животи. Засега не сакавме да го откриеме, но папараците не доведоа во ситуација да немаме избор. Ви благодариме на сите за убавите зборови и честитки, а ги замолуваме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашиот приватен живот. Кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема, дефинитивно ќе ве контактираме“, напишал Милош.

Според медиумите, Ивана веќе неколку месеци е трудна, а венчавката е планирана за месец ноември.

Милош и Ивана првпат заедно се појавија во јавноста во 2021 година на белградската премиера на филмот „Јужен ветер 2 – забрзување“, кога беа фотографирани, но не објавија заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Слични содржини