Илон Маск и Ендрју Тејт го поддржаа Расел Бренд: Добредојде во клубот

од Nikola Popovski
566 прегледи

По обвинувањата за силување и сексуално вознемирување, актерот и комичар Расел Бренд доби поддршка од Илон Маск и Ендрју Тејт.

Имено, Расел Бренд, по обвинувањата за силување, вчера на својот Твитер профил сподели видео во кое објаснува дека бил цел на координиран напад поради неговите десничарски ставови и критики кон медиумите.

По тој повод, Илон Маск ја сподели својата објава, пишувајќи: „Се разбира. Тие не сакаат конкуренција“.

По Маск, на Твитер се огласи и Ендрју Тејт, кој споделил слика од витез со натпис „На пат да се борам со обвинувањата на лудите кучки“, при што испратил порака до актерот „добредојде во клубот“. Самиот Тејт моментално го чека судењето за силување и трговија со луѓе.

Потсетуваме, Расел Бренд е обвинет за силување и сексуална злоупотреба од страна на четири жени. Тој ги отфрли обвинувањата, велејќи дека сите негови врски и односи биле обострани и дека потегот е дел од координиран напад поради неговите ставови.

Според „Тајмс“, една жена тврдела дека била силувана, додека другите три го обвиниле актерот за сексуален напад. Една од жените исто така обелоделила дека физички и емоционално ја малтретирал кога таа имала 16, а тој 31 година.

Слични содржини