Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, при што попладне претежно во планинските региони во источните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд, информираат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, а се очекува УВ индексот да биде 6.
Утринските температури ќе бидат од 10 до 17 Целзиусови степени, а во текот на денот од 24 до 32 Целзиусови степени.