Ким Џонг Ун доби дронови-камикази на подарок од Русија

од Vladimir Zorba
176 прегледи

На крајот од посетата на Русија, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун како подарок доби панцир и дронови-камикази, што го вознемири Западот за потенцијалната воена соработка меѓу Москва и Пјонгјанг.

Јужнокорејскиот лидер доби пет беспилотни летала камикази и извидувачки дрон како подарок од регионалниот гувернер по посетата на изложбата на оружје и воена опрема во Владивосток, на рускиот Далечен Исток.

„Овој дрон може да полета и слетува на секој мал, затворен простор. Не му треба рампа за слетување. Ви го подаруваме, подарок е. Вашите момци можат слободно да го прегледаат уредот, ние сме подготвени за испорака“, му рекол Олег Кожемјако, гувернер на регионот Приморје, на Ким Џонг Ун.

На снимката објавена од руската државна новинска агенција РИА се гледа како Ким оди по црвениот тепих кон воз во далечниот руски град Артјом на звуците на воен бенд и мавта кон толпата.

Артјом е 254 километри од станицата Хасан на руската граница со Северна Кореја.

Слични содржини